Време е за зимница: Рецепт за пиперки во сенф

Есента е период кога се подготвуваат најразлични видови зимници, а изборот на намирници ни дозволува да бидеме навистина креативни во тоа. 

Ова е предлог-рецепт за црвени пиперки во сенф:

15 поголеми ајварски пиперки
125 мл алкохолен оцет
300 мл вода
200 гр сенф
120 мл масло
Сол, шеќер, ловоров лист, бибер

Подготовка: 

Пиперките добро се чистат од дршките и семките. Исечете ги на подебели ленти. 

Настрана подгответе го солилото од водата, оцетот, сол, шеќер и зачини. Пиперките ставајте ги да се варат околу 10 минути (не морате сите наеднаш доколку не ги собира), па оставете ги да се исцедат. 

Сенфот матете го со миксер или процесор за храна. Додавајте го маслото по малку, во тенок млаз, за да може да добиете пенеста смеса. Измешајте ги пиперките со оваа смеса и ставете во тегла. 

Не правете наеднаш големи количини, за да избегнете расипување.