Секој има своја замисла за смислен и исполнет живот, но постојат некои општоприфатени верувања како не би требало да се живее животот. Дознајте кои 10 знаци откриваат дека трошите време на погрешни работи.
Често приговарате
Се жалите често на работата, на шефот, на платата или на брачниот партнер? Ако одговорот е да, тогаш поголем дел од своето време ширите негативна енергија. Негативноста ништо нема да промени, само ќе направи да не се помрднете од мртва точка. Затоа променете го начинот на размислување и зборувајте повеќе за она за што сте благодарни во животот, а не за она што не го сакате во својот живот.
Не го храните својот ум
Ако не се развивате постојано како личност и не учите нови работи, тоа значи дека стагнирате исто како мирно езеро. Слично се случува со нашиот ум ако не го активираме и не учиме нови работи. Позитивните предизвици во животот ќе го прошират вашиот ум.
Често зборувате негативно за себе
Било да мислите дека можете или да мислите дека не можете – во двата случаи сте во право, мудро рекол Хенри Форд. Ако сами за себе кажувате дека не сте доволно паметни за да ве унапредат на работа или за да започнете сопствен бизнис, ќе бидете во право. Ако сами на себе си кажувате дека сте премногу уморни за промени во животот, во право сте. Она што си го кажувате сами на себе, станува ваша реалност. Затоа внимателно бирајте што ќе си кажете затоа што вашиот живот и вашите мисли се едно исто.
Не ја планирате иднината
Секогаш е најдобро да се живее сега, во овој момент, но понекогаш треба да гледате во иднината за да сфатите каде одите. Ако немате цел или план, тогаш сте како брод кој бесцелно лебди во океанот надевајќи се дека ќе заврши на некое добро место. Но не би смееле да живеете така. Мора да направите сопствен водич според кој ќе разработите план и ќе ве однесе онаму каде што сакате да бидете чекор по чекор.
Премногу време поминувате со луѓе кои не придонесуваат за вашиот развој
Лесно ни се случува да запнеме со луѓе кои од нас не прават подобра личност. Ако премногу време поминувате со такви луѓе, ќе стагнирате или ќе ве повлечат надолу со себе. Тоа се оние луѓе кои меѓу народот се познати како енергетски вампири. Го цицаат животот од вас и за возврат не ви даваат ништо позитивно. Побарајте друштво на луѓе со кои ќе се развивате како личност.
Зависни сте од мобилниот телефон
Размислете за тоа колку време поминувате на мобилниот и за тоа колку таа зависност влијае на вашите врски со другите луѓе. Можеби праќате смс пораки или пребарувате на интернет додека вечерате со партнерот или со децата. Ако го правите тоа, пропуштате драгоцени моменти кои би можеле да ги поминувате со саканите или време кое би можеле да го посветите на планирање на иднината.
Трошите пари на неважни работи
Постои разлика помеѓу потреба и желба, но во модерното општество скоро сите ја бришат таа разлика. Многу луѓе трошат пари за најнова технологија, автомобили, а се фаќаат во тесно за пари за основни животни потреби. Ако застанете и размислите, ќе сфатите дека нас всушност многу малку ни е потребно за да имаме убав и среќен живот: храна, вода, покрив над главата и љубов. Сето останато само е бонус. Затоа, размислете на што ги трошите парите и дали можете да направите некои промени. Можеби дел од парите можете да ги вложите во заштеда за иднината.
Не спиете доволно
Спиењето е неопходно за добро здравје. Ако не можете да се наспиете затоа што сте презафатени или едноставно имате навика да останувате будни доцна навечер, треба да ги преиспитате своите навики.
Не водите грижа за своето тело
Балансирана, здрава исхрана и движење. Овие три компоненти имаат и други позитивни придобивки освен губење на телесна тежина. Здравите навики влијаат и на менталното здравје, како и на општата здравствена состојба. Размислете за тоа како се храните и на количината на физичка активност. Би можеле да разберете дека некои ситни промени можат да ви го сменат животот на подобро.
Не излегувате од својата комфорна зона
Животот почнува тогаш кога ќе излезете од својата комфорна зона, вели една животна мудрост. Затоа, преземете ризик кој би можел да ви го промени животот и при тоа имајте на ум дека постои разлика меѓу ризик и пресметан ризик. Каков било ризик не е сигурен, но пресметан ризик значи дека сте ги извагале сите опции и сте смислиле добар, разумен план за делување.