Вратите сами се отвораат, нагло се кочи, не се отвара предна врата - Скопјани се жалат од јавниот превоз

Скопјани, оние кои користат јавен превоз, со бурни реакции по последниот немил настан во автобус на ЈСП, откако викендов, 20-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди.

Според пријавата во полицијата, завчера на бул.„Христијан Тодоровски - Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот.

По ова повторно се покрена прашањето за бебедноста во јавниот превоз.

Патниците најмногу се жалат дека се вози брзо, а како проблем број еден го истакнуваат и наглото кочење при кое најмногу може да настрадаат повозрасните.

Во случајот велат дека и вратите на автобусите не се безбедни. Од друга страна, дел од патниците велат дека многу често и самите млади се неодговорни затоа што целосно се „внесени“ во своите телефони.

 -Многу им се брза на возачите. Колку пати луѓето ги оставаат пред врата, ако само малку потрчаат, пред нос им се затвора вратата и вози Мишко....

- Многу лошо возат возачите на ЈСП. Пред мои очи една бабичка падна на глава до нагло кочење, а автобусот беше полупразен. Подобро беше со приватните превозници, сведочи една скопјанка.

-Не се возачите криви, вратите на автобусите се без врска. Посилно ако бутнеш меѓу двете врати тие се отваараат среде возење. Ќе има уште повеќе жртви ако не се среди овој проблем.

-Сите ги напаѓаме возачите, но и тие се дел од нас кои работат за мизерни плати .Дали некој спомна за нашата некултура и безобразлук. Застанува автобусот на станица, а тие што треба да се качат јуриш напред, а тие што треба да слезат ќе барат да се протнат меѓу луѓенцата што ги блокират вратите. Научете се еднаш, прво излегуват патниците, потоа се влегува.

-Автобусите се преполни, не може човек да се качи. Ги чекаш по 40 минути и ќе дојде преполн и не ја отвараат предната врата. Напред околу возачот празно, а во средина и на крај преполно со патници. Не може да се куцне ниту картата, вели еден скопјанец.