Вратата се отворила и затворила - Тригодишно дете тешко повредено во лифт во зграда во Радишани

Тригодишно дете е повредено во несреќа со лифт во зграда во скопско Радишани. Малото девојче со тешки повреди е пренесено на лекување во болница. 

- Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје, соопштија од МВР за инцидентот. 

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.