Вработените во ЈСП најавуваат штрајк од идниот месец

Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје бара итно усогласување на платите со минималецот, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието.

Од Синдикатот на ЈСП најавија дека ќе излезат на штрајк од идниот месец ако не им бидат зголемени платите.

За зголемување на платите се потрени пет милиони денари месечно, односно 60 милиони годишно.