Вработените од сите центри за социјална работа утре на краток протест, стравуваат за безбедноста

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани информираа дека социјалните работници се загрижени за својата безбедност на работните места, по вчерашниот инцидент во Прилеп. 

- Со години нанзад Синдикатот на УПОЗ укажуваше дека безбедноста на вработените во Меѓуопштинските центри за социјални работи е непостоечка и дека условите за работа се катастрофални. Вчерашниот случај за обид на убиство на вработена во Центарот за социјална работа Прилеп, е кулминација на сите вербални и физички напади кои ги трпат вработените во центрите за социјална работа. Крајно време е да се слушнат барањата на вработените, порачаа од Синдикатот. 

Утре во 13:00 часот, вработените од сите центри за социјална работа ќе излезат на краток протест за да ги изразат револтот и загриженоста за безбедноста на нивните животи на работните места.