Вработена во Здравствен дом издала ковид-сертификат на невакцинирано лице

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А.(37) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

- Пријавената, како службено лице, вработена во Здравствен дом Гостивар, на лице што не било вакцинирано му издала Ковид сертификати за извршена вакцинација, соопшти МВР.