Вработена во „Водовод“ починала на работното место

Трагедија вчера се случика во ЈП„ Водовод и канализација“ откако на вработена и се слошило при што починала на работното место.

„На 14.08.2024 во 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на подрачје на Центар, на вработената В.З.(59) од Скопје ѝ се слошило, по што починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција “, се вели во билтенот на МВР.