53-годишна жена од скопско село, вработена во Градската општа болница „8-ми септември“, се сомничи дека одзела платежна картичка од пациент во болницата.
Имено, Министерството за внатрешни работи информира дека откако ја одзела картичката, осомничената пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката.
-Денеска (16.11.2022), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С.(53) од скопско село, вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“. Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото - се наведува во соопштението на МВР.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.