
Вчера изутрината во аптека на подрачјето на скопски Центар, била ограбена вработена под закана со остар предмет.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (12.02.2026) во 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 07:10 часот во аптека на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со закана со остар предмет од вработената одзел мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.