Вработен во сместувачки објект во Визбегово под закана со нож ограбен од две лица

Две лица под закана со остар предмет, ограбиле вработен во сместувачки објект ноќеска во Визбегово.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска околу 02:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сместувачки објект во село Визбегово, скопско, две лица со закана со остар предмет од вработениот одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.