Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во 15:00 часот од страна на Шумската полиција бил запрен камион кој превезувал дрва во количина од 8,70 м3.
„При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј. Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има“, се вели во соопштението
Од МЗШВ додаваат дека се работи максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.