Вработен во „Комунална“ нападнат во Маџари, тврди дека бил следен до дома и слушнал истрели

Вработен од „Комунална хигиена“ бил физички нападнат и следен до дома од скопјанец. Во исто време, вработениот слушнал и истрели од огнено оружје. 

- На 14.07.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, Р.И.(48) од Скопје пријави дека околу 17:50 часот на ул.„Маџари“ во Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во ЈП „Комунална хигиена“, со возило дошол Б.П.(52) од Скопје и физички го нападнал, а потоа и го следел со неговото возило до домот на пријавителот. Според пријавеното, Р.И. слушнал и истрели од огнено оружје, информираа од МВР за овој случај. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.