Вработен во Геријатрија кој бил во Италија има висока температура, а не оди на испитување!

Вработен во администрацијата во Геријатрија во Скопје во Ѓорче Петров бил на одмор на Малта, а минатата недела се враќал во Македонија преку Италија. Лицето по враќањето оди на работа и има контакт и со вработените. Но, по ден два качува висока температура и е дома на лекување, објави Здравство.мк.

-Не може лице вратено од кризен регион зафатен со корона вирусот, а вработен во установа како Геријатрија да не оди на испитување. Дополнително скандалот да биде уште поголем откако е на боледување, на Геријатрија се прави дезинфикација на просториите и толку, вели извор за „Здравство“.

Инфектолозите и епидемиолозите велат дека вакво однесување во институција како Геријатрија каде лежат лица со потреба од голема грижа.

Директорката на Геријатрија ова не смеела да го дозволи. Не може тоа да се заташка со дезинфекција на простории. Каде е тука контактот со другите лица, што со нив?

Доказ дека не и’ е приоритет работата и здравјето на пациентите говори и фактот што таа за главна сестра во Геријатрија поставува лице кое е вработено пред две недели, пишува порталот.

Ова говори и дека таа не ги почитува препораките на Антикорупциската комисија кои се во насока на тоа да нема нови вработувања, да нема унапредување“