Возрасен човек покажувал порнографски снимки на девојче

Уште еден случај на покажување порнографија на малолетно лице евидентира МВР.

На 29.12.2021 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 28.12.2021 околу 16.40 часот на подрачјето на Карпош, во близина на основно училиште, едно лице од својот мобилен телефон прикажало порнографски фотографии на малолетничка и ја допирало по телото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.