Возот од Скопје до Велес ќе вози со ограничена брзина од 20 километри на час

Јавното претпријатие „Македонски железници Инфраструктура“ ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје - Велес и обратно, објави „СДК.мк“.

Засега не е позната причината поради оваа одлука на претпријатието, но предизвика револт кај граѓаните кои се загрижени дека тоа ќе придонесе за ново доцнење на патничките возови.

- Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување, соопштиле од претпријатието.