Вчера во 19.15 часот во Полициската станица Пробиштип, била пријавена сообраќајна несреќа на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.
„Патничко возило „опел“ со штипски таблички, управувано од 48-годишниот З.М. од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во пешаците Р.В.(62) и Л.А.(65), двете од Пробиштип“, се вели во билтенот на МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешаците, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.