Возило превртено на кров: Тешка сообраќајка во Аеродром (фото)

Тешка сообраќајка вчера вечерта се случила во Аеродром. Возило заврши на кров откако некако се излизгало. Сообраќајката е во правец од нова Железничка кон Аеродром. Очевидци сведочат дека го затеклане вака возилото, превртено на кров со отворена врата без возач. Дали возачот бил однесен во болница или бил некаде во околината нема информации. Очекуваме повеќе информации во текот на денот.