Возете внимателно: Снег на Попова Шапка, Стража, Пресека, Маврово и Ресен

АМСМ ги предупредува возачите да внимаваат како возат на одредени патни правци затоа што е забележан снег.

- Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат, информира АМСМ.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Пресека, во Маврово и Ресен, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.