
Млад кавадарчанец е повреден откако со возило се превртел на пат со возило кое го возел без да има положено и под дејство на алкохол.
- На 02.04.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, каде е задржан на лекување, информираа од МВР.
Според МВР, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.
По насоки од јавен обвинител возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.