Денеска во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека 17-годишно момче е тешко повредено откако непознат возач најпрво го удрил, а потоа избегал од местото на настанот. Несреќата се сучила на ул.„Партизанска“ во Битола.
„Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, се вели во билтенот на МВР.