Возач удрил во пешак, дал прва помош и заминал

Во СВР Скопје вчера во 20:30 часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било донесено повредено лице од сообраќајна несреќа.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден на крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Натанаил Кучевишки“ А.Н.(84) од Скопје бил удрен од возило и откако возачот на самото место му укажал помош го напуштил местото. Се работи на расчистување на случајот.