Возач тешко повреден во сообраќајка во Долно Лисиче

На 09.12.2020 во 20,55 часот во с.Долно Лисиче,скопско на крстосница од ул.„1“ и ул.„7“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мазда 323“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(37) од с.Долно Лисиче и товарно моторно возило “ман“ со приколка “утва“ двете со скопски регистарски ознаки управувано од С.Т.(52) од Скопје, информира МВР.

По незгодата, И.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.