Возач и 73-годишна жена од Скопје се повредени откако со возило излетале кај Дебар

Возач и 73-годишна жена од Скопје се повредени откако со возило излетале кај Дебар. Несреќата се случила во саботата. 

- На 07.02.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Скудриње, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, а со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната сопатничка Ј.М. од Скопје, констатирани во Ургентен центар во Охрид, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.