Вооружен напад утрово во трговски центар во Чаир

Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и запалила банкомати, објавиja медиумите.

Неофицијално станува збор за трговскиот центар „Поинт ретаил парк“.

-Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Утрово за сообраќај беше затворен делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар.