Вооружен грабеж на кладилница во Аеродром

Според полицијата настанот се случил синоќа околу 22 часот, по што бил пријавен од страна на вработен во агенција за обезбедување. Непознати лица, од кои едниот вооружен со сатар во кладилница на улицат „Видое Смилевски Бато“, во населба Ново Лисиче, ја приморале вработената да им предаде кеш во вредност од околу 100.000 денари.

Полицијата работи на расветлување на настанот и откривање на разбојниците.