Водовод известува: Прекин на вода на три локации во Скопје

Повеќе корисници во Скопје денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради улични дефекти и изведување водоводен приклучок, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Поради дефект на огрлица на улицата „Христо Татарчев“ 22/бб, без вода се корисниците од втора зона Припор. Прекинот започна во 09:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

Прекин во водоснабдувањето има и на улицата „Методија Митевски“, кај броевите 3 и 5, поради уличен дефект. Корисниците се без вода од 09:15 часот, а прекинот ќе трае до завршување на санацијата.

Без вода се и корисниците на улицата „Јадранска Магистрала“, поради изведување водоводен приклучок Ф-150 мм на број 76. Водоснабдувањето е прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на предвидените интервенции.