„Водовод“: Граѓаните да се воздржат од полнење базени и наводнување на ниви и бавчи

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за сериозен пристап кон рационалното користење и употреба на водата.  Последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие.

Високите температури кои достигнуваат и до 40°C придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче.

„Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со единствена цел нормално водоснабдување во секој дел од градот Скопје“.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти:

  • 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
  • 02 3240 300, Дирекција