„Водовод“ го пролонгира рокот за плаќање на рати на заостанат долг, без камати

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека акцијата која што започна на 02.04 и требаше да трае до 15.05 за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните се продолжува до 29.05.2018 година. Со оваа одлука сакаме да им излеземе во пресрет на сите наши корисници.

Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.