Воздушните знаци на хороскопот се мистериозни сонувачи кои често летаат со своите мисли, но точно знаат да најдат баланс во својот живот и да го искористат вистинскиот момент.
Еве по што се посебни тие.
Водолија – човечност и посебен поглед на светот
Водолијата размислува широко и длабоко е поврзана со планетата. Сака да се бори за правда и посакува добро во светот. Нејзината животна мисија често е да ги спасува луѓето околу себе.
Родените во овој знак ги сакаат иновациите и новите идеи. Нивната најголема моќ е позитивната енергија дури и во најтешки ситуации.
Близнаци – смисла за хумор и интелигенција
Близнаците имаат јасен план како да ги остварат своите цели, а тие се и еден од најкреативните знаци. Понекогаш е тешко да ги разбереме бидејќи лесно ги менуваат своите ставови и однесување, но тие се темелни, сериозни, добро организирани, а од друга страна пак и многу духовити, харизматични и талентирани.
Вага – дипломатични и шармантни
Вагите брзо ќе ве освојат со својот шарм, но и совршена комуникација. Тие се одлични слушатели, делат совршени совети, но само ако тоа го побара некој од нив. Нивната мисија е хармонија во светот, а тие секогаш се подготвени да се борат за правда.