Водолиите имаат најголеми шанси да успеат во животот

Луѓето велат дека за да бидеш успешен треба напорно да работиш, да имаш добри конекции и барем малку среќа. Но, што ако овие работи се помалку важни од тоа во кој астролошки знак сте родени?

Според едно неодамнешно, малку контроверзно истражување, луѓето кои се родени во знакот Водолија, или помеѓу месеците декември и март, имаат најголеми шанси да бидат успешни во текот на образованието или дури и да станат познати.

Па што го прави овој воден знак толку посебен?

Лидерот на истражувањето д-р Марк Хамилтон од Универзитетот во Конектикат, вели дека најверојатно причината за ова е тоа што Водолиите се самоуверени.

За ова истражување биле собрани податоци од 300 познати личности, политичари, научници, атлетичари, јавни работници, артисти и луѓе кои се занимаваат со литература. Открил дека Водолијата е знак кој најчесто се поврзува со успешните познати личности.

Друг фактор кој можеби влијае е тоа што луѓето кои се родени во овој знак обично тргнуваат постари на училиште.

„Високите достигнувања во областа на менталните и физичките задачи за време на детскиот развој ја поттикнува амбицијата“, објаснува д-р Марк Хамилтон. „Акумулирани во тек на 12 години образование, овие долготрајни успеси може да резултираат со чувство за личен триумф.“

Мора да е одлично да си Водолија, нели?!

best Running shoes | Nike