Водителот на најпопуларното сатирично ток шоу на Балканот доаѓа во Скопје

За прв пат во Македонија со свој целовечерен настап доаѓа водителот на најпопуларното сатирично ток шоу на Балканот “24 Минута”, Зоран Кесиќ.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу приказни и песни.

Настанот е насловен како „Зоран Кесиќ и неговата Приредба“, а ќе се одржи во Дом на АРМ, недела 18.12 во 20.00 часот. 

Билетите веќе се пуштени во прдожаба и чинат 800 денари.