
Водата во главниот град е безбедна за пиење, но ја нема на чешмите. Веќе подолг период скопјани се жалат на честите рестикции во водоснабдувањето.
- На температури од над 40 степени, ние со денови сме без вода. Понекогаш чекаме до доцна во ноќта за да вклучиме машини, за да се избањаме, реагира скопјанка.
Вчера од скопски Водовод, меѓудругото, известија дека од Санитарната контрола, по испитувањето на примероците од вода, е потврдено дека сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Изминатиот период речиси секојдневно ЈП Водовод и канализација објавуваа апели за рационално трошење на водата во овие летни денови.
- Поради енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат оттаму.
Скопјани велат дека тешко се функционира без вода. Често се приморани да купуваат туби вода за колку толу, како што велат, да функционира домаќинството.