Вода со хлорофил е новиот хит на ТикТок

Во последно време, на ТикТок сè повеќе актуелен е нов тренд – хлорофил. 

Според инфлуенсерите на оваа мрежа, неколку капки хлорофил во вода наутро даваат дополнителна енергија, ја чистат кожата, помагаат во намалување на килограмите и штитат од различни заболувања.

Но, во што е вистината?

По дефиниција, хлорофилот е зелен пигмент во билките кој освен што им ја дава зелената боја, учествува во процесот на фотосинтеза овозможувајќи им на растенијата да ја апсорбираат енергијата од светлината. Во билките постојат два вида хлорофил: А и Б. 

Според многу истражувања, хлорофилот е антиоксиданс кој штити од многу заболувања највеќе поради своето антивоспалително дејство. Освен тоа, помага во регулирање на варењето и ја зајакнува крвта. Тој ги содржи важните минерали магнезиум, железо и калциум, а освен тоа содржи и витамин Ц и К, како и фолна киселина и протеини. 

Хлорофилот помага и во борбата против слободните радикали кои ја наштетуваат нашата кожа и организам, а освен тоа помага за прочистување на крвта и помага за регулирање на рН вредноста на телото, што помага да се намали стресот и да се подобри расположението.

Треба да знаеме дека освен како суплемент (капки и таблети), хлорофилот можеме да го најдеме и во свежиот зеленчук со зелена боја, како и кивите. Колку што е потемна бојата, толку повеќе хлорофил постои во составот на одредено овошје или зеленчук.