Во животно загрозувачка состојба е пешакот кој беше удрен од автобус на ЈСП

МВР денес во полицискиот билтен откри дека пешакот кој беше удрен вчера од автобус на ЈСП кај Транспортниот центар во Скопје е во животнозагрозувачка состојба.

Имено вчера во 11:40 часот 85-годишниот Љ.Џ. од Студеничани, скопски беше удрен од страна на автобус на ЈСП управуван од Б.Б.(53).

„Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, и истиот се наоѓа во животно загрозувачка состојба. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, се вели во билтенот на МВР.