
Министерот за здравство, Азир Алиу по денешната обиколка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ информираше дека комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваат овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите.
„Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“, истакна Алиу.
На средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски беа разгледани можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ и за оперативниот блок, во насока на унапредување на условите за третман на пациентите.