Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Затворската полиција во затворот Идризово утрово направила голема акција, при што открила ископан тунел во должина од околу 60 метри, објавија неколку медиуми.

Според неофицијални информации, тунелот се копал најмалку четири-пет месеци, а недостасувале неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот.

Наскоро се очекуваат повеќе детали за случајот.