Во време на стрес и неизвесност: Билка чиј неодолив мирис помага да се смириме

Мирисот на оваа билка смирува и го намалува стресот.

Професорот Ханс Хат од универзитетот Хајнрих Хајн во Дизелдорф вели декамирисот на оваа билка делува одлично на нашиот ум и расположение.

Станува збор за јасминот чие етерично масло е крал на сите мириси. Овој мирис го подобрува расположението, ја ублажува депресијата, несоницата и сите тешкотии. Одличен е за неутрализација на негативните емоции како што се лутина, несигурност, песимизам, чувство на очај и несигурност.

Според др. Ханс Хат, овој мирис би можел да биде подобар избор од многу лекови во однос на лечење на стресот и нервозата, несоница, но и смирување на луѓето.

Инаку, постојат повеќе видови јасмин, но само два од нив се погодни за етерични масла, а тоа се Jasminum officinale i Jasminum grandiflorum.