Во Владата денеска потпишан меморандум за соработка со Србија

Во Владата на Македонија денеска беше потпишан меморандум за соработка со Република Србија.

Меморандумот беше потпишан од страна на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ и српската потпретседателка на Владата и министерка за економија Андријана Месаровиќ.

Претходно, вицепремиерот Стоилковиќ и српската министерка за економија Месаровиќ остварија заедничка средба на која беше разговарано за билатералната соработка и за нејзино интензивирање.

Потпишувањето на Меморандумот претходеше на македонско-српскиот бизнис форум којшто се одржува во скопскиот хотел „Александар Палас“, а на кој се присутни над 200 компании и најмалку 300 учесници.