
Двајца велешани добија кривични пријави поради кражба на пари, лични документи и банкарски картички, како и подигање на средства од картичките кои што ги украле.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(41) и Д.А.(37), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем во обид“.
Во службена просторија во Општа болница Велес, пријавените одзеле паричници со пари и лични документи на две лица, по што од банкарски картички на двете лица на 01.10.2025 подигнале 23.000 денари.