Во тешка сообраќајна несреќа повредени двајца високи функционери на СДСМ

Вчера вечер во тешка сообраќајка на патот Демир Капија-Удово, во сообраќајка тешко е повредена пратеничка на СДСМ од Валандово.

Според информациите на Пресс24, таа е итно пренесена во Ургентниот Центар во Скопје, со повреди на главата и телото.

-Заедно со пратеничката е повреден и 30-годишен сопатник. Според неофицијални информации се работи за уште еден функционер на СДСМ, објави порталот.

До несреќата дошло кога автомобилот Опел Корса со кој управувал еден од повредените, налетал на одрон и се превртел.

Увидот на полицијата и Јавното обвинителство сеуште е во тек.

-Вечерва околу 18.30 часот на маг. пат Демир Капија–Неготино патничко моторно возило „Опел корса“ со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело. М.Л. е пренесена во Ургентен центар во Скопје, а сопатникот П.К. (30) во болницата во Кавадарци, информираа вчера вечер од МВР.