Во тек е асфалтирање на првиот дел од реконструираната пешачка и велосипедска патека на Јужен булевар

Eкипите на ЈП Улици и патишта, денес го асфалтираат првиот дел од пешачката и велосипедска патека на Јужниот булевар на потегот од градилиште на компанијата Лимак кон стара Рампа во површина од 280 квадратни метри.

Градежните активности за реконструкцијата започнаа изминативе денови и екипите според планот за работа ќе асфалтираат во фази, се врши ископ на земјан материјал, се поставува тампон слојот, рабниците и штом заврши асфалтирање на еден дел се преминува на  подготовка на теренот и следно асфалтирање, етапно во вкупна површина од 1480м2. Во подготовка на вториот дел ќе се вршат стите работни позиции, а на одредени  места ќе се отстрануваат и оштетените бехатон плочи, информираат од претпријатието. 

Екипите ги продолжуваат работните активности интензивно на овој потег и во наредниот период со цел што побрзо да се овозможи полесно движење на пешаците и велосипедистите во овој дел од градот, порачаа надлежните.