Во тек е асфалтирање на пешачка патека во Градски парк зад Луна паркот

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје денес асфалтираат пешачка патека во Градскиот парк на просторот позади Луна паркот на површина од 500 метри квадратни.

Патеката е со должина од 100 метри и широчина од 5 метри и денес ќе биде целосно асфалтирана, информираа надлежните. 

На санација и реконструкција на пешачките патеки во градскиот парк се работи интензивно изминативе месеци и екипите периодов ќе продолжат да ги рекоструираат и останатите патеки во просторот позади Луна паркот, порачаа од претпријатието.