Во среда во Скопје ќе се прска против комарци

Во среда, на 06.07.2022 година ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, известуваат од Град Скопје. 

Прскањето против комарци ќе се врши според следниот распоред: 

1.  Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови.
2.  Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.