Во спомен на Блаже Конески: Убавите жени...

Денес, 7 декември, се навршуваат 28 години од упокојувањето на Блаже Конески - големиот македонски поет и академик чие дело е неоспорно во формирањето на македонската државност. 

Во спомен на Конески, куса, но толку моќна и убава поема за жение:

Убавите жени

Убавите жени во мојот народ

тие брзо прецутувале

како цут од кајсија

како мајски јоргован.

О неправда!

Тие им припаѓале на неизбрани мажи,

нивните коси дење сплетени во прцлиња

ноќе распуштени по градите и колковите.

Нивниот постап на препелица

набрзо го сопинала унечка,

нивната младост поминувала

како мирис на липа што го одвева ветрот.

Набрзо тие седнувале на порта

со наведната глава и издадени коленици,

со нечујна издишка.

Убавите жени, несреќните жени

тие брзо прецутувале

како цут од кајсија

како мајски јоргован.

Несреќните жени од мојот народ

веќе

не носат шамии и убавината им трае

многу подолго од порано

Им припаѓаат на згрешени мажи

кои самите ги избрале

мислејќи

дека им треба сличен ним

предоцна сфатиле дека им се гади

од женски маж и не фатиле дим

туку развиле маж во себе за да го казнат

своето непромислено залетување...

тие се дотерани и убави, со тага во очите

го бараат она што го испуштиле

од што се плашеле, што не се осмелиле

да го пуштат да ги разурне

Убавите жени, несреќните жени од градовите

тие убавеат една за друга, си ги љубат децата

и стареат брзо под сенките и пудрата.