Во соседството се повеќе педијатри се заразуваат со коронавирус

Во Србија порасна бројот на деца кои се заразени со коронавирус, кои имаат грип или некоја респираторна бактериска инфекција. 

Но, она што се зголеми е и бројот на педијатри кои се заразуваат со коронавирус и мора да се изолираат за да оздрават што побрзо и да можат да се вратат на работа. Недостатокот на персонал во детските клиники предизвикува страв од оптоварување на здравствениот систем. 

Меѓу децата не се шири само коронавирусот, туку и други инфекции, а има и комбинации на ковид-19 и респираторни заболувања од друг тип. Во амбулантските чекални е преполно, вели докторот Владислав Вукомановиќ, додавајќи дека во српските ковид-одделенија веќе има најмалку 14 деца, од кои едно е бебе и е на интензивна нега.