Во соседните земји може да се патува без ковид-ограничувања

Од денеска, 3 мај, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, во врска со заразната болест Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград. 

Српските државјани, како и страските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија, се наведува во соопштението на српската влада. 

Од 13.април веќе не е потребен ковид сертификат за влез во соседна Бугарија од Македонија. 

Слободен е влезот и во соседна Грција, во однос на ковид-ограничувањата.

Во Грција се укинуаа сите Ковид рестрикции, со исклучок на маската.

Согласно објавената одлука за мерките во внатрешноста на земјата, повеќе нема да биде потребно да се покажува сертификат за вакцинација, прележан Ковид или негативен тест за влез во затворените и дел од отворените објекти и повеќе нема да постојат никакви рестрикции за невакцинираните.  

Укинати се мерките и во Албанија. 

Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција.