Во скопската Зоолошка се одбележа денот на зебрата

31 јануари - Меѓународниот ден на зебрата, животно со Африканско потекло карактеристично по нејзините црно-бели пруги по целото телоко кои се различни кај секоја индивидуа, денеска беше одбележат и во скопската Зоолошка градина.

Во својата збирка на животни ЗОО-Скопје моментално има една индивидуа –машка зебра од подвидот- Equus quagga chapmaniili Chapmanova zebra, која е дојдена од Љубљана и се вика Јанош.

-Децата од градинката “Светот на Колорес“ , го посетија неговото живеалиште во ЗОО Скопје и тоа беше инспирција за нивите цртежи. Со училишни активности по природа и ликовно се вклучија и третооодделенците од ОУ “Александар Македонски“ од Ново Лисиче кои учеа, зборуваа и цртаа за Зебрата. ЗОО Скопје во својата едукативна програма, постојано ќе ги одбележува деновите на дивите животни кои ги имаа Зoолошка градина на Град Скопје, информираа денеска од Зоолошката градина.