Во Скопје вчера казнети 130 возачи

Во полициска контрола на сообраќајот во Скопје, полицијата вчера казнила 130 возачи, од кои 22 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 14 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, информира МВР.

Министерството укажува дека ќе продолжат засилените акциски контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.