Во Скопје санкционирани 183 возачи, еве зошто

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 11  мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…, соопшти МВР.